Ace KN - Tranziciska lyrics

Published

0 208 0

Ace KN - Tranziciska lyrics

[Строфа] Живеев нормален живот за Македонец, немизерен Вработен, но непријавен така тоа под приватен Примање 20 000 плата, од двајца брачен пар таман За да платиш кирија, сметки, за колата рата Кој и да е на власта ги игнорирам Не ме ни интересира па ни на гласање идам А проблеми имам, но кој ги нема Само ќутам дур не ми се родат двете деца Жената е бремена со нив, па се е топ Иако за болница немаме ниту плав картон А плус улицава е лом, но тоа не ме замара Искрено немам на кој и каде да се жалам Шалтерот е нон стоп затворен, денот е долг и напорен Секој втор е невработен, во градов сивило владее И ембаргото не ебе, но дали јас сум заебен? Тогаш себе се гледам, велам животов закон е Се до еден ден, како памтам беше наесен На плоштад гледам некој штрајк против власта наменет Одеднаш од никаде над мене гледам камера Микрофон пред фаца и започнаа со прашања "За што штрајкувате? Што ви смета во државава? Кажете за вас и кои се вашите барања" А со штрајкот немав врска, но сакав се да кажам Како каснат со плата а џандариве јадат гага Кај жената во кафана, го кажав сево ова Мислејќи сум доброделец, со цврст и висок морал Одма почнав да зборам, "па нас не ебат поштено Срамотa е, кај крадат, па и го земаат лебот На овој народ знај дека џабе го учиш факултетот Многу тешко работа без партиско членство" Но тогаш ладен туш ме удри, ми текна на шефот Дека нешто роднински е поврзан со премиерот Денот потоа на работа по обичај на темпо Но одеднаш бев повикан итно во кабинетот А мојата реткост е да заборавам случки често Но таа изјава ја заборавив баш комплетно Дојдов, велам "добар ден, како сте газда? Како под ома сите? Како мајка ви? Дали е здрава? Но да ви кажам и фала, за бонусот во март А со него баш вчера купив едни кревети на спрат За близнаците..." "Но ајде тоа молам баталете Не ме интересира, а што ли е со изјавиве? Нешто не ви се допаѓа? Ај се да си кажеме Зарем не бев ли добар? Пак ги добивате парите Ајде магла да фаќате", и почнав да молам За таа работа која ми дава топлина дома Tоплина за која со љубов не е ни малку сродна Но пак ја давам пола плата за да биде со нас Но пак прифаќам пораз, отказ прифаќам дај го Ќе се снајдам, имам мали деца дома крај екранот Сами гледаат цртани, го чекаат тато А тато зајми пари од Папи за пелени и слатко Барем женава не вади, се осеќав ко среќлија Додека и таму не им улета инспекција Испратена од некои незадоволни џандари Биле под суспензија откако биле фатени Но и тоа заврши, сега сме на крај Моите деца растат во отпадот на маалото Рај Ни ја нема таа иднина, дом под хипотека Колата не е на паркинг веќе, банката ја зема Фала многу, сега станав социјален случај Но децата ми растат во мажи додека учат А јас прераснав во тоа од што имав уплав Неусмртлив човек, тогаш не затварам уста